На само неколку дена пред почетокот на Светското ракометно првенство, Хрватската ракометна федерација соопшти дека на македонските фанови нема да им биде дозволено да влегуваат во арените со знаме со сонцето од Кутлеш.

Но, и покрај забраната на првиот натпревар со Унгарија трибините беа „обоени“ со тоа знаме, па најверојатно затоа за денешната средба со Холандија, претресите беа подетални. Редарите и полицијата ги „тресеа“ нашите навивачи, а се случи и еден немил настан.

Имено, детенце почна да плаче откако службите за спроведување на редот на натпреварот му го одзедоа знамето со сонцето од Кутлеш.

View this post on Instagram

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)