Пејачката Теа Таировиќ синоќа се појави на настап во Црна Гора во провокативна, розова облека, а во клубот ја придружуваше нејзиниот сопруг Иван.
Теа разговараше со „Блиц“ за низа теми што ја интригираат јавноста.
– Не ми се излегува пред публика само кога сум болна. Пеев со болно грло, често ми се случува. Иван, мојот сопруг, и јас сме навикнати да немаме куќа, немаме поим каде живееме, се навикнавме. Од утро до вечер некои куфери, рече таа со голема насмевка на лицето.
– Се мерев во теретана утрово, кога срцето не ме стрефи кога видов што пишуваше на вагата! Во шок сум… Јадам салати, сега јадам риба, го исфрлив месото, не знам од каде ми се овие килограми… Да кажам колку килограми имам? Хм… Тежам 70 килограми. Од каде сега тоа? Мислев дека сум 10 килограми помалку – рекла таа потоа.

