Вељко Ражнатовиќ, синот на балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, објави на Инстаграм дека нема да биде дел од претстојното боксерско шоу поради повреда.
Вељко откри со каков проблем се соочил.
– За жал, поради повреда на долниот дел од грбот, нема да можам да учествувам ревијата на 13.09 во Белград – напиша тој и додаде:
– Ме чека период на закрепнување и терапија, па наскоро ќе се видиме низ јажињата.


