38-годишната Сандра Филиповиќ од Крагуевац од ноември трипати била заразена со коронавирус, иако во меѓувреме била вакцинирана!
Жената од Крагуевац, која пред една недела по трет пат добила позитивен ПЦР тест, вели дека нема симптоми на болеста и дека се чувствува добро.
– Првиот пат го загубив чувството за мирис, а вториот и третиот пат го немам тој симптом. Единствено што забележав сега е дека косата ми паѓа по малку – раскажува Сандра.
Таа не знае како се заразила.
– Првиот пат работев од канцеларија и носев маска. Ги почитував сите епидемиолошки мерки. Не знам како се заразив – вели жена од Крагуевац …
Пред короната, Сандра не страдала од сериозни болести, и иако ги примила двете дози од вакцината, сепак нема антитела.
– Докторката ми рече: „Треба да пукаш од антитела, а ти воопшто ги немаш“. Таа не ми даде поинаква терапија. Пред два дена направив Д -димер, зголемен е, а денес одам на терапија – вели Сандра и додава дека обемната крвна слика не покажува дека има друг проблем.
Жената од Крагуевац, која цело време била изолирана во текот на овие девет месеци, вели дека воопшто не и е лесно и заклучува дека „човек мора да биде ментално стабилен за да го издржи тоа“.