Над 50.000 посетители синоќа се забавуваа со песните на Цеца Ражанатовиќ на Градскиот стадион во Крива Паланка.

Но, за време на концертот беше забележан еден невообичаен момент, кога поради девојка во публиката која и се обрати на Цеца, покажувајќи и голем лист со испишана порака, таа на кратко го прекина концертот.

Имено, девојката од првите редови напишала порака со која побарала Ражнатовиќ да и се потпише на раката, за да таа потоа направи тетоважа со нејзиниот потпис.

-Немој да си ја упропастуваш кожата! Млада си и убава, подобро украси се со некој дечко. Момчиња, што е ова? Подоцна ќе разговараме, кога ќе завршам со концертот, да те уверам во спротивното – и се обрати Цеца на девојката во публика, по што продолжи со настапот.

Видео снимка од овој момент веќе е објавена на социјалните мрежи, а ја пренесоа и повеќе српски медиуми.

Фестивалската манифестација во Крива Паланка продолжува и вечерва, а главна музичка ѕвезда ќе биде Саша Ковачевиќ.