Пејачката Марија Шерифовиќ синоќа доживеа непријатна ситуација за време на концерт во Холандија.

Имено, во еден момент, Марија го прекинала концертот бидејќи дознала дека некој продава ќебапи.

– Ќебапи? Какви ќебапи, застанете луѓе! Ова е концерт, какви ќебапи?! Дали некој навистина продава ќебапи? Каде? Кај тоалетот? Одлично – рече Марија бесно, а потоа продолжи:

– Одлично, одлично… браво за организаторите! Знаете што, додека се тука, донесете две парчиња да пробаме. Кога веќе се задушувам од кромид… сите што ги следат моите видеа знаат дека ништо повеќе не мразам од кромид – додаде таа, а публиката ја поддржа со силен аплауз.