По подолго време, пејачот Адријан Гаџа се појави на социјалните мрежи и ги израдува своите следбеници со нова фотографија на која шета со својот миленик.

На сликата, Гаџа изгледа речиси непроменет — насмевка и препознатливиот шарм поради кој некогаш врескаа девојките на неговите настапи.

Адријан Гаџа беше еден од најпопуларните музичари на македонската сцена од почетокот на 2000-тите години. По успешниот период во Македонија, пејачот се повлече од домашната естрада и се насочи кон кариера во Косово и Албанија, каде што стекна голема популарност и продолжи да твори и настапува.

По бројните фестивалски настапи и освојувањето на албанскиот пазар, Гаџа одлучи да направи промена во животот и да се посвети на нова страст — угостителството. Во Скопје отвори свој ресторан и се повлече од јавноста.