По успешната соработка со Дакапо Бенд,
фолк пејачка Анета Љумаковска официјално започнува ново музичко поглавје.

Од 1 ноември, таа настапува со
свој нов состав – „Анета Бенд“, со кој ќе
продолжи да ја шири својата енергија,
емоција и музичка магија на сцените низ
целата земја и пошироко.

– Бидејќи во последно време добивам голем број прашања во врска со моето присуство на настапите, сакам официјално да известам дека сите претходно договорени настапи со Dacapo Bend ќе бидат целосно испочитувани и ќе настапам согласно договорените обврски. Ви благодарам на разбирањето и поддршката, соопшти Љумаковска вечерва.