Здраво на сите. Чувствував потреба да ви се обратам и искрено да ви се заблагодарам на сите што ми испративте пораки со пофални зборови,а јас од срце ви благодарам за сите топли и искрени зборови.
Вашата поддршка навистина многу ми значи, особено сега, кога поминувам низ тежок период.
Лајвот со Боки ми донесе многу немир, па затоа се чувствувам болно и многу тажно. Тој лајв беше замислен исклучиво како забава – да ве насмееме и да се дружиме на еден природен и опуштен начин.
Од мое име се извинувам до сите колеги и драги соработници кои беа навредени или опсувани. Искрено, не знам дали Боки ќе се извини, па затоа почувствував дека јас морам да го сторам тоа.
Што се однесува до Ритко – сè беше чиста шега. Целта беше само да ве забавуваме, и ништо повеќе.


