Сузана Гавазова да му се извини на сопругот Јасмин, вели еден коментар на нејзиниот Фејсбук профил, откако пејачката им се извини на своите фанови по вклучувањето во живо со шоуменот Боки 13 на неговиот ТикТок профил. Бојан Јовановски познат како Боки 13 ја критикуваше за нејзиниот стајлинг, а во „лајвот“ се појави и јутјуберот Ритко.

Гавазова се пошегува: „Би му готвела, ама нека каже Ритко што сака да носам на себе.” Ритко посака таа да нема облека, но таа со насмевка одговори: „Не е интересно така, барем ако се работи за чизмите на Филип Плејн, во долна облека би му направила ручек и би му тверкала.”

Боки 13 ја обвини Гавазова дека лажела оти нејзиниот стајлинг чини 5.500 евра во подкастот на Марио Арангеловски. „Не излажав, тоа е цена што ја одредила креаторката. Јас само ја носев креацијата“, рече пејачката. Гавазова на својот Фејсбук потоа објави извинување до јавноста.

-Чувствував потреба да ви се обратам и искрено да ви се заблагодарам на сите што ми испративте пораки со пофални зборови,а јас од срце ви благодарам за сите топли и искрени зборови. Вашата поддршка навистина многу ми значи, особено сега, кога поминувам низ тежок период.
Лајвот со Боки ми донесе многу немир, па затоа се чувствувам болно и многу тажно. Тој лајв беше замислен исклучиво како забава – да ве насмееме и да се дружиме на еден природен и опуштен начин.

Додека траеше опуштениот разговор, Гавазова на шега и во атмосфера на смеа накратко ги покажа градите на соговорниците, што предизвика лавина реакции и коментари на интернет. Клипот од вклучувањето за кратко време започна да кружи на социјалните мрежи.