Вечерва се одржа финалето на „Песна на Евровизија“, на кое Србија одлучи кој ќе ја претставува во Италија – Констракта и песната „Ин Корпоре Сано“.

Нешто по полноќ заврши „Беовизија 2022“. По гласањето на жирито и публиката, домаќините објавија дека победник на натпреварот е Ана или Констрактa.

Композиторот Драгољуб Илиќ- Илке од жирито и даде 12 поени на Констрактa, како и новинарката Уна Сениќ и композиторот Владимир Николов. Најмногу поени композиторот Слободан Марковиќ и додели на Сарa Jo додека пејачката Неда Украден, претседателката на жирито, максимален број поени на Зорја. Според гласовите na публиката, Констрактa исто така беше прва.

Победничката по објавувањето беше преплавена од емоции, додека сите и пријдоа да и ја честитаат победата.

Нејзината нумера е вистински хит на социјалните мрежи, а малкумина знаат дека пејачката која како аутсајдер стапна на сцената на „Беовизија“ и направи успех, заврши архитектура и дека е горда мајка на две деца – девојче и момче, Лена и Никола.

Слушнете ја победничката песна: