Еден од нашите најпознати фитнес-модели, атрактивната Ана Стојанова на својот профил на Инстаграм утрово сподели фотографија од болничк кревет.

Имено, Ана моментално се наоѓа во Словенија, каде мораше да и биде извршено уште една интервенција, односно операција на нога.

Таа сподели фотка непосредно по операцијата и напиша како се чувствува.

„Армијо фала ви на грижата и сите убави пораки! Ви пишувам во живо. Се помина супер. Ќе држат и служат овие нозе долго за Вас! И едвај чекам да си се истренирам и извежбам со сета сила без да се пазам!!!“ – напиша Стојанова.

Погледнете ја фотката:

Минатата годината не само што и беше успешна, туку и повеќе од тоа – судбинска, откако вереничкиот прстен осамна на нејзината рака!

На почетокот на 2022-рата подготвувајќи се да се соочи со предизвиците на брачниот живот, не престана да им оди во пресрет и на предизввиците кои ја направија вирално позната.

View this post on Instagram

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

Ана очигледно спремна за нова авантура подготвува и нова тура фитнес магии за сите што сакаат за претстојното лето, кое и не е така далеку, да имаат тело – вретено! Па кога онака ќе се соблечете по бикини по домашните или комшиските плажи, во вас да гледаат сите мажи, а жените да ги вртат главите и да ви завидуваат додека со крајот на окото љубоморно ве гледаат, зашто како вас, тие ни одблизу не изгледаат.

А како тоа би изгледало најдобро е да се демонстрира сосопствен пример, на „показна вежба“ среде зима. Затоа Ана пронајде „апликација“ која со еден клик покажува што носи под облеката!

Облечена во бел волнен џемпер и бели хеланки, а под нив она што секој вистински маж го сонува, атрактивната инструкторка му го овозможи за миг: Да ја види Ана во секси долна облека со само еден клик!

View this post on Instagram

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

Патем Стојанова упати повик до сите нејзини стари и нови прврзанички, да и се придружат во новата програма која ја стартува наскоро, за летото да го дочекаат подготвено:

„Февруари е идеално време за да се ставиме во ред. Летото можеби ти изгледа премногу далеку, ама верувај дека ќе дојде побрзо од што замислуваш. Дочекај го спремна и мачкосана!“ – им порача Ана, уште еднаш покажувајќи како тоа изгледа да си „мачкосана среде зима“.

За во лето знаеме, или поточно памтиме од лани… Кој заборавил, еве мало потсетување на извајаното тело на згодната фитнес инструкторка и нејзините секси облини, во мини – бикини!

View this post on Instagram

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

Прашање е само дали и на вакви фотографии „апликацијата“ што „со поглед соблекува“ функционира и е употреблива?

Или сепак, се’ останува на личната перцепција и „еротската фантазија“ на нејзината „машка армија“ обожаватели и следбеници на социјалните мрежи?