Не можеме да бидеме лути на нашите умови што ја работат нивната работа, но можеме да преземеме чекори за да се осигуриме дека ќе останеме продуктивни и среќни. Во продолжение прочитајте ги цитатите кои можат да го подобрат вашето психичко здравје.
„Спокојниот ум може да ја слушне интуицијата, без оглед на стравот.“
Нашиот ум е дом на многу гласови. Ако не работиме максимално за целосно да го искористиме неговиот капацитет, некои од овие гласови може да се изгубат.
„Опуштете се. Не дозволувајте минатото да ја уништи сегашноста.“
Минатото е непроменливо, но нашите сеќавања за минатите настани често се менуваат, во зависност од нашето расположение и моменталната перспектива.
„Не можете да контролирате сè, не се ни обидувајте. Ценете ги нештата онакви какви што се.“
Можете да го контролирате само она што се случува во вашиот ум.
„Премногу размислување не води до среќата.“
Не можете сами да ја измислите среќата. Среќата е емоција што не можете да ја рационализирате. Кога се фокусирате на сегашниот момент, „добивате“ повеќе среќа од искуството.
„Непродуктивните мисли се како затворски решетки на умот, не трошете ја вашата енергија за да го заклучите вашиот потенцијал.“
Ние сме способни за неверојатно изненадувачки подвизи и достигнувања. Единствените пречки што стојат на нашиот пат се нашите сопствени ограничувања или ограничувањата што им дозволуваме на другите луѓе да ни ги наметнат. Се ограничуваме со цел да се заштитиме од можни неуспеси и разочарувања. Ослободете се од вашите стравови и очекувања. Следете ги своите намери и срцето и на тој начин можете да постигнете сè што сакате.
“Забавете. Не зборувајте пред да слушнете. Размислете пред да реагирате. Пред да осудите, простете. Пред да се откажете, обидете се!“
Забавете, дишете и внимателно дејствувајте. Откако ќе направите нешто, не можете да го вратите.
„Вашите мисли можат да станат ваши најголеми проблеми во животот.“
Прекумерното размислување ја троши енергијата. Тоа создава несакани чувства како страв, несигурност, ароганција или депресија.
„Не се вознемирувајте за тоа што може да тргне наопаку, бидете возбудени за сè што може да тргне како што треба.“