Унгарија ја победи Австрија со 29:26 и изби на второто место во нашата група со 5 бода. Првопласирана е Франција со 8, која веќе го обезбеди пласманот во четвртфиналето.

Ваквиот развој на настаните значи дека Македонија дури и со триумф над фаворизираната Франција, Македонија многу тешко ќе може до второто место во групата.

За такво нешто е потребно Македонија да ја победи Франција, Унгарија да не го победи Катар, а Холандија да не слави над Австрија, или пак ако слави тоа да биде со минимална разлика.

Унгарија со победа над Катар, што е за очекување, ќе има 7 бода и со сигурност ќе биде на второто место во групата, без разлика на останатите резултати.