Македонскиот селектор Кире Лазаров во интервју за хрватскиот „Спортске Новости“ уште еднаш потсети на работите што ни се случува во натпреварот против Холандија кога Македонија беше драстично оштетена.
Холанѓаните во тој натпревар од првата фаза ја победија Македонија, меѓутоа разбирливо е зошто во нашиот табор се разочарани.
„Ние сме мала земја и го сакаме ракометот, но не можеме да сe споредуваме со големите земји како Германија, Франција, Данска…Освен тоа, тоа што ни се случи против Холандија…Затоа ракометот како спорт е таков каков што е. Токму и затоа Американците не вложуваат пари во овој спорт, не сакаат да го имаат. Има многу сомнителни ситуации и секој си ги толкува како што сака. Ова не е првпат ни последен да се случи вакво нешто. Гледам дека Холанѓаните се многу фаворизирани, но јас зборувам само за нас, ракометот како спорт нема иднина поради ваквите случувања. Тешко дека некој сериозен спонзор би вложил пари, а потоа да биде измамен на ваков начин. Сите ние што сме во ракометот мора да сме сериозно загрижени“, изјави Лазаров.
Македонија на Светското првенство сега ја чека натпреварот против Франција кој ќе го играме утре во 20:30 часот.