Во Египет не можеа да се помират со поразот од Франција во четвртфиналето на Светското првенство во ракомет, па сега виновни им се македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски кои според нив, требало да го поништат голот на Лука Карабатиќ со кој Франција дојде до минимален триумф во драматичниот дуел.

Македонските судии после погодокот гледаа повторена снимка за да утврдат дали топката навреме ја минала гол-линијата, и се покажа дека голот е регуларен, на часовникот стоеја 59 минути, 59 секунди, и 7 десетинки.

Но, за Египќаните, нешто друго е проблематично. Пред Карабатиќ да шутне од центарот, негов соиграч веќе е влезен во полето на противникот, што не е дозволено и затоа сметаат дека погодокот е нерегуларен и требало да биде поништен.