Во едно истражување спроведено врз 30 000 жени, речиси сите изјавиле дека барем еднаш во животот одглумиле оргазам.

Поголемиот дел од нив тоа го прават повремено, додека некои од нив не ни знаат како изгледа вистинскиот оргазам. Постои само еден мотив зошто некоја жена би одглумела оргазам – таа сака сексуалниот чин да заврши што е можно побрзо и не сака да го повреди својот партнер кој може да си помисли дека не ја задоволил докрај. Но постојат неколку главни причини.

Замор или присиленост

Најчестата причина за глумење оргазам е заморот. Во денешно време жените имаа обврски и во домот и на работа. Од друга страна, не сакаат да го одбијат партнерот кој можеби имал поинакви планови за таа ноќ, иако таа само сака да се опушти во када со топла вода или да чита книга. Некои жени дури не се ни осмелуваат да го одбијат партнерот, плашејќи се од расправии, па затоа мораат да одглумат оргазам, за чинот да заврши побрзо.

Здодевност или болка

Можно е сексот кој на почетокот бил возбудлив и страствен по некое време да стане доста заморен или здодевен. Но машкиот партнер нема да сопре сè додека таа не одглуми оргазам, и ќе се труди да го постигне тоа кај неа. Ако на ова го додадеме триењето кое се јавува при долготрајното водење љубов, лажниот оргазам се чини како најбезболната сопирачка за овој несопирлив воз.

Напнатост

За поголемиот дел од жените механичкиот елемент во сексот не е доволна причина за оргазам. Жената мора да се чувствува опуштено во врската со партнерот. Затоа не чуди податокот дека најчесто лажните оргазми се случуваат на почетокот на секоја врска или во врските за една ноќ.

Медицински проблеми

Некои жени не можат да постигнат оргазам поради физиолошки или психолошки причини. Истражувачите тврдат дека околу 10-15% од жените никогаш не можат да доживеат оргазам, додека уште дополнителни 10-15% можат да го постигнат тоа само преку самозадоволување.

Недоволна интимност

Уште една длабока причина за лажен оргазам е тоа што можеби жената воопшто не сака оргазам туку само малку интимност – нежно милување, бакнежи. Затоа е многу битно тоа дека мажите мораат да се обидуваат да им покажат на своите партнерки дека покрај сексуалната привлечност тие чувствуваат и љубов кон нив. Впрочем, секогаш се исплаќа да се биде внимателен и нежен.