Ана-Маја Казаријан (23), шахистка од Холандија, мајстор на ФИДЕ и поранешен европски шампион до 16 години, е казнета со 100 евра и принудена да носи штикли на турнирот на кој неодамна учествувала.

Имено, Меѓународната шаховска организација (ФИДЕ) наметнува кодекси на облекување на меѓународните натпревари и не дозволува шахистите и шахистките да носат влечки или шорцеви, а оделата често се задолжителни на најважните светски натпревари.

Еден од судиите ме застана и ме праша дали можам да ги сменам моите патики, бидејќи тие беа „чудни патики“ и не се сметаа за соодветни. Навистина ме боли да одам во потпетици и апсолутно не сакам да ги користам, вели таа.

Легендарната шахистка Сузан Полгар ја обвини Меѓународната шаховска федерација за двојни стандарди.

View this post on Instagram

A post shared by Anna-Maja Kazarian (@amkazarian)

„Овие патики (неспортски) што ги носи една жена не се прифатени и доби казна од 100 евра. Но, видов фотографии од мажи кои носат патики и тие не беа санкционирани. Зошто да користите двојни стандарди“, напиша Полгар на Твитер.