Никола Јокиќ постигна 31 поен со 22 асистенции и 21 скок за 45 минути, учинок каков што никој никогаш немал во НБА на еден натпревар. Ниту најголемите легенди на оваа игра. Србинот имаше плус уште три украдени топки, а главен беше и во продолженијата каде постигна или асистираше во седум од осум успешни напади на Денвер Нагетс.
Сомборецот постави нов стандард за трипл-дабл учинок а го урна и рекордот на Вилс Чембрлејн за најмногу асистенции од центар кој претходно беше на огромни 21 асистенција.
НБА лигата уште еднаш му се поклони на големиот Никола Јокиќ кој синоќа на мечот Денвер – Феникс кој Нагетс го добија 149-141 после продолженија, имаше историски учинок каков што немал никој пред него.
Никола Јокиќ кој е актуелен МВП на НБА и главен фаворит за оваа титула на свои 30 години во моментов е трет кошаркар на вечната листа играчи со најмногу трипл-дабл учиноци. Јокиќ има 159 трипл-дабли во НБА лигата. Лидер на оваа листа е неговиот соиграч, ветеранот Расел Вестбрук со 202.
Денвер Нагетс и Феникс Санс синоќа одиграа неверојатен натпревар во кој Нагетс имаше во еден момент и 21 поен предност во третиот период но „сонцата“ направија фуриозен камбек и се изборија за продолженија.
Јокиќ синоќа го подобри многу својот сезонски просек па сега има просек од 28,8 поени по натпревар, 20.4 асистенции по натпревар, 1,8 украдени топки по натпревар. Претходно освои дури 3 МВП награди како најдобар играч со нешто послаби бројки од сезонскиве. И покрај сево ова, медиумите во САД пренесуваат дека во моментов Шеј Гилџес-Александер е фаворит за МВП наградата. Но после ова, пишува Јаху, после 30-20-20 на Јокиќ многумина би требало да го сменат мислењето за тоа кој треба да ја освои МВП наградата.