Mаж се самоуби денеска во урбаната белградска населба Душановац, откако претходно нападнал жена која му го издавала станот и ја расекол со нож. Драган Ч. по нападот си нанел смртоносна повреда пред зградата во која живеел, а неговото тело се уште лежи на сред улица.
Десеттина минути давал знаци на живот, а потоа починал. Според информации на Блиц.рс, нападнатата жена е родена 1991 година и се вика Милица.
Нападот и самоубиството се случиле на аголот од улиците Тетовска и Крушевачка.
„Се однесуваше чудно во последно време“
– Беше многу агресивен, мислам дека користеше дрога. Во последно време беше во тешка депресија и чудно се однесуваше.
Вака неговата поранешна девојка раскажува за Драган Ч, кој денеска во Душановац со нож нападнал девојка пред зградата во која живеел, а потоа се самоубил расекувајќи си ја главната артерија на бутот.
По грозоморниот чин Драган уште десетина минути давал знаци на живот, а кога пристигнала брзата помош и се обидела да го спаси, тој починал.
– Драган е од Белград, има имот во Калуѓерица, живеел и во странство. Тој немал блиски роднини. Кога се врати од странство во 2019 година, извесно време беше во тешка депресија, мајка му почина тогаш, изјави за „Блиц“ неговата поранешна девојка, која замоли да не се споменува нејзиното име.
Девојката со која бил во врска вели дека Драган и таа живееле заедно две години. Пред неколку месеци покажал чудно однесување и почнале да се расправаат.
– Му реков дека не може така да се однесува и да го напушти станот – вели таа и додава дека набрзо се преселил во зградата спроти улицата.
Тој денеска пред несреќата дошол во нејзиниот стан за да се извини за своето лошо однесување.
– Денеска дојде кај мене да се извини за се и јас му реков да му простувам се – вели таа.
Таа понатаму вели дека Драган заминал, а потоа повторно дошол кај неа да побара помош.
– Ми заѕвони домофонот и ми побара помош, веднаш истрчав долу и го најдов во локва крв. Му била исечена артерија на бутот.
Како што вели, не знае што точно се случило, и кој го пресекол. Како што слушнала, тој претходно со нож ја ранил Милица, која му била другарка.
– Се обидов да му помогнам бидејќи сум медицинска сестра, ја залечив раната, но залудно, кога пристигна брзата помош по 10 минути почина на пат – раскажува девојка.