Во Македонија денеска се одржува првиор круг од Претседатеслките избори на кои граѓаните бираат помеѓу 7 кандидати. Државната изборна комисија (ДИК) пред малку соопшти дека излезноста до 9 часот изнесува околу 4 отсто на ниво на цела Македонија.

На социјалните мрежи се споделува фотографија од граничниот премин Богородица на границата со соседна Грција, која е направена непосредно пред објавувањето на оваа вест, а на која може да се забележи помала колона од возила кои ја напуштаат Македонија за влез во Грција.

Луѓето можеби гласале до сега, па неработниот ден сакаат да го искористат… или пак можеби и не им е до гласање.