Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб страна започна да ги објавува податоците за излезноста на првиот круг од Претседателските избори.

На 70% обработени податоци, излезноста до 9 часот изнесува 4,13% на ниво на цела држава.

Најголема излезност има во Демир Капија и Крива Паланка со излезност од над 9 отсто. Помала излезност традиционално има во албанските средини каде излезноста се движи од 1 до 3%, додека просекот во македонските средини е околу 5-6 отсто.