На големиот православен празник Митровден, познатата пејачка Елена Јовческа се породи и на свет донесе здраво женско бебе, кое го доби прекрасното име Талија. Името Талија носи посебна симболика и значење, поврзано со радост, благослов и инспирација – токму како чувствата што сега ја облеваат младата мајка.
Во изјава за „Убавина и здравје“, Елена откри дека моментот на породувањето бил најинтензивното и најмоќното искуство во нејзиниот живот:
„Ја доживеав најголемата физичка болка досега, бидејќи сакав се да оди по природен пат и да сум свесна за целиот процес. Кога ја здогледав Талија, сфатив дека истото би го повторила уште илјада пати,“ – искрено изјави пејачката.
И мајката и бебето се во стабилна состојба и се чувствуваат добро. Целата бременост на Јовческа ја следеше д-р Татјана Гуржанова и д-р Саша Јовчевски а породувањето се случи во клиниката „Жан Митрев“.


