Мајка и син загинаа вчера попладне во тешка сообраќајна несреќа во Србија, јавуваат српските медиуми.

Сообраќајната несреќа се случила во населбата Божевац во близина на Пожаревац во Србија. Се судриле три автомобили, а според медиумите животот го загубиле две лица.

Се наведува дека се во несреќата загинале мајка (71 година) и постариот син (51 година), додека помалиот син кој имал 23 години, е тешко повреден.

Несреќата се случила вчера околу 19.40 часот на државниот пат Пожаревац – Кучево.