Немања В.(33), поп на Браничевската епархија, загина во страшна несреќа што се случи синоќа на државниот пат Крагуевац – Баточина.
Зад воланот на еден од автомобилите во верижниот судир бил Немања, а со него во автомобилот била и неговата сопруга и нивните три деца.
Во судирот се повредени осум лица, кои во моментов се во Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац.
Пријателите и колегите се простуваат од трагично загинатиот Немања.
Да потсетиме, синоќа околу 18:50 часот се случи сообраќајна несреќа на делницата од патот Крагуевац кон Ботиње, во која учествуваа три автомобили и автобус. На местото на настанот биле припадници на полициската управа Крагуевац, Бригадата за противпожарна и спасување и Институтот за итна медицина.