Откако повторно им се вратија на настапите во живо, но и на турнејите во странство, кои поради пандемијата беа забранети подолг период, нашите фолк пејачи започнаа да ги обновуваат своите возни паркови.

Ако минатата недела фолк пејачката Сања Сани Гроздановска добиваше честитки за новиот автомобил од марката Мерцедес, деновиве честитките доаѓаат на адреса на музичарот Сашо Нојкиќ, познат како Цаки Кисми, кој исто така се подновил со возило од марката Мерцедес.

Тие не се единствените од фолк естрадата кои се решиле за автомобил од оваа марка, и голем е бројот на нивни колеги кои исто така при избор на ново возило се решаваат тоа да биде Мерцедес, како што велат, поради луксузниот изглед, но и поради безбедноста, но и впечатокот кој го остава ова возило.