Кој би рекол дека во е осмата деценија од животот? Верица Ракочевиќ позираше во мини здолниште, па „распамети“ со својот изглед (фото)

Модната дизајнерка Верица Ракочевиќ на 74 години изгледа неверојатно, па многумина тврдат дека за неа годините се само бројка.

Таа води грижа за својот изглед, па никој не би рекол дека е во осмата деценија од животот.

Дизајнерката ретко се појавува во разголени изданија туку секогаш знае да направи убава и елегантна комбинација.

Меѓутоа, со најновата објава на „Инстаграм“ предизвика лавина од коментари.

Имено, таа објави фотографија на која позира во краток капут под кој носи кратко здолниште и високи чизми.

Ракочевиќ ги истакна своите долги и згодни нозе, а нејзините следбеници не останаа рамнодушни на нејзиниот изглед.

-„Како ти изгледаш Верка“, „Вие навистина сте прекрасни“, „Годините се само бројка“, „Браво за изгледот“ се само некои од коментарите кои може да се прочитаат под објавата.

📸