Негата на кожата е топ тема во светот на убавината, а повеќето новитети доаѓаат од Азија. Меѓу нив е и „фејскини“, кој пристигнува од Кина и е наменет за заштита на кожата на лицето од сонцето.
Оваа маска покрива сè на лицето, освен очите, носот и устата.
Измислен е уште во 2004 година од Жанг Шифан, која во тоа време била сметководителка. Сепак, откако го дизајнираше и пласираше на пазарот овој производ, таа се прослави и ја напушти работата.
Во Кина овие маски се голем тренд и повеќето жени ги носат за да го заштитат лицето од сонцето. Покрај тоа, Жанг тврди дека тие се одлични бидејќи штитат од многу други иританти, како што се инсектите и песокот.
Самата маска е изработена од истиот материјал што се користи за костими за капење и доаѓа во бројни бои и дезени.
Жените кои сакаат целосно да се заштитат носат и костуми за капење кои целосно ги покриваат нивните тела, како и чадори, визири и очила за сонце.
Стандардниот „фејскини“ чини помеѓу два и четири долари, додека поимпресивните дезени се помеѓу 16 и 24 долари.
Што велите, дали би ги носеле?