Од емитувањето на документарниот филм за нејзиниот луксузен начин на живот, Георгина Родригез секојдневно е критикувана од луѓето за самопромоција и истакнување на материјалното во секоја објава, но изгледа дека свршеницата на Кристијано Роналдо воопшто не е загрижена.
Георгина во последно време на својот Инстаграм профил се пофали со фотографии од својот одмор кој го поминува со семејството и пријателите на луксузна јахта.
Убавата Шпанка позираше во жолт, тесен фустан кој ги истакна нејзините облини.
„Преубава си“, „Убава си, но не знам зошто толку материјалното го нагласуваш“, „Толку си се променила од серијата“, „Роналдо и децата речиси и да ги нема на твоите објави, само ти се ставаш во преден план“, се вели во коментари под објавите.
Меѓутоа, на една од фотографиите Георгина позирала во костим за капење додека излегувала од морето. Следбениците забележале дека таа се капе со скап накит.
„Никогаш не сум видел некој да се бања со накит“, „Кога одам на плажа го оставам златото во сефот некој да не го украде, а потоа ја гледам неа како влегува во морето со дијаманти“, „За прв пат гледам жена да оди на пливање со дијамантски накит“, забележаа некои следбеници.
Интересно е и тоа што Георгина во последните неколку месеци ја следат два милиони луѓе на Инстаграм токму поради постојаното истакнување на луксузот во кој живее.