Натпреварот меѓу Романија и Косово во квалификациите за Европското првенство 2024 во Германија веројатно вечерва нема да го дочека својот крај откако беше прекинат непосредно по неговиот старт.
Имено, ултрасите на Романија на стадионот извадија транспарент „Косово е срцето на Србија“ по што гостинските фудбалери одбија да го продолжат натпреварот.
Покрај тоа што домашните навивачи пееле против Косово и распослале банер на кој пишувало „Косово е Србија“, исто така фрлиле пиротехнички материјали на теренот. Според други информации пак, судијата го прекинал мечот и ги испратил фудбалерите во соблекувалната.
Според процедурите романскиот национален тим ќе доби жестока казна од УЕФА поради инцидентот, а освен парична казна сигурно ќе игра без публика на домашните натпревари во преостанатите квалификациски мечеви. За тоа што ќе биде со мечот, ќе биде соопштено дополнително.
BREAKING NEWS: Romania vs Kosovo on hold after "Kosovo is Serbia" chanting and banners at the Romania ultras end. pic.twitter.com/JLhah3FWhc
— Emanuel Roşu (@Emishor) September 12, 2023