Саманта Роули (30) од Калифорнија се борела со килограмите уште од детството, таа страдала од малтретирање на училиште, а нејзината самодоверба бела целосно уништена пред две години кога тогашниот партнер ја оставил преку социјалните мрежи, објавувајќи фотографии со друга.

Самохраната мајка изгубила повеќе од 92 килограми и потрошила 20.000 долари на пластични операции откако дознала дека нејзиното момче ја изневерува. Тежела 165 килограми кога нејзиното момче јавно ја понижил, а сега има 72 килограми.

Не можела да поверува дека тоа и се случува, но многу брзо решила тешката животна ситуација да ја претвори во лекција и мотивација.

– Бевме заедно година и пол, но никој не знаеше за тоа, бидејќи тој секогаш ме криеше. Се чувствував навистина лошо во таа врска, постојано се обидував да го направам среќен и се занемарував себеси. Кога ме изневери и го објави на социјалните мрежи, сфатив дека морам да се посветам себеси – рече таа.

Таа одлучила да му се одмазди на најдобар можен начин – со слабеење. Истата година, таа била подложена на липосукција на стомакот, но вели дека тоа било одлична инвестиција, бидејќи сега конечно е среќна.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸