Телата на шест лица се пронајдени во луксузен хотел во Бангкок. Телата на тројца мажи и три жени, четворица виетнамски државјани и двајца виетнамски Американци, биле откриени денеска во центарот на Тајланд, објави Ројтерс.

Локалните медиуми прво објавија дека имало пукање во хотелот, но локален функционер ги негира овие наводи.

Полицијата соопшти дека сите жртви во хотелот пристигнале во различно време и дека не се работело за самоповредување.

Шефот на полицијата во Бангкок, генерал-полковник Тити Сангаванг рече дека немало знаци на борба.

Тој додаде дека жртвите требало денеска да се одјават од хотелот и дека нивниот багаж веќе бил спакуван.

Тој рече дека имало храна која била нарачана во собата, која останала неизедена, но дека пијалокот бил консумиран.

Тајландскиот премиер Срета Тависин го посети местото на настанот.Полицијата соопшти дека во собата се пронајдени пет тела и едно тело надвор.

Инспекторите ги пронашле телата со пена на устата.Немало траги од борба или грабеж.