Дали ви здодеа постојано да слушате дека мажите подобро одлучуваат од жените? Па, една неодамнешна студија го докажала спротивното.
Истражувањето, спроведено од тим научници од водечки универзитети ширум светот и во кое биле вклучени над 10.000 учесници, покажало дека жените ги надминуваат мажите во секое тестирано сценарио за донесување одлуки.
Така е, правилно прочитавте – жените носат подобри одлуки од мажите. Притоа, истражувачите разгледувале повеќе аспекти, од изборот на кариера до изборот на партнер, па дури и нешто едноставно како, на пример, изборот на паста за заби. И во секој случај, жените покажале дека имаат подобри вештини за донесување одлуки.
Се чини дека жените се пољубопитни и честопати прибегнуваат кон тимска работа, соработка и градење консензус што им помага да донесат разумни пресуди.
Според еден од истражувачите, д-р Сара Вилијамс, сè се сведува на тоа да се биде аналитички и внимателен. Жените имаат тенденција да ги разгледуваат сите опции пред да направат избор, додека мажите се импулсивни и често донесуваат брзи одлуки без размислување.
Со други зборови, аналитичките вештини, промисленоста и интуицијата се покажале како поефикасни од импулсивноста на мажите.
Резултатите од ова истражување покажуваат дека е време е да ѝ ставиме крај на претпоставката дека само мажите се природни лидери и носители на вистинските одлуки и да почнеме да го цениме придонесот што и жените го даваат за општеството.