Трема немаат само натпреварувачите во „Се или нешто“, туку пред ТВ камерите е збунувачко и за поддршката со која доаѓаат натпреварувачите. Па така Тасе, кој е сопруг на Катерина, за момент го заборави името на својата сопруга додека се претставуваше себеси.
„Тасе, сопруг на Емилија….“, кажа тој. Водителката Лила го поправи, сопруг на Катерина…
Тасе го доби остриот „женски“ поглед од својата сопруга, а водителката Лила се обиде да го оправда, па прокоментира „И он има трема“…