Министерството за здравство на Хакасија во Русија објави дека ќе има информативен разговор со лекар кој ги лекувал неговите пациенти заразени со корона вирусот, верувале или не, со „мртва вода“.
На интернет неодамна се појавија фотографии од рецептот на овој лекар и шише „мртва вода“, а пациентите тврдат дека ова не е единствениот бизарен совет што им го дал овој лекар на пациентите кога се разболеле од Ковид.
Сограѓанин тврди дека истиот лекар му рекол да ја спушти температурата со магнетотерапија, односно да ги стави капаците од тегли на магнет, па да ги загрее на пламен и да ги држи блиску до носот и грлото.
Други велат дека им препорачал инхалација со „мртва вода“, а од неговата канцеларија излегле излудени.
Од Министерството велат дека секако ќе имаат разговор со лекарот, а на повредените пациенти им препорачале да се обратат до директорот на поликлиниката во која работи докторот.