Популарната српска пејачка Милица Павловиќ со псоледниот нејзин концерт предизвика големо внимание најмногу поради скандалозниот фустан кој го носеше, а кој на моменти ја откриваше нејзината интима.
Очигледно стануваше за добар маркетиншки трик на Павловиќ, која после тоа се обидуваше да се оправда дека станувало збор за „оптичка илузија“ и дека под фустанот носела боди со „месо боја“, па така намерно сакала да ги доведе во заблуда своите фанови, а видеото од нејзиниот настап вирално се рашири на Интернет.
Но, имаше уште еден доста интересен момент од тој концерт и повторно истиот не е поврзан со музичкиот дел. Имено, српската пејачка од нејзините фанови Катерина и Милан доби покана да биде гостин на нивната свадба, а пејачката прифати.
Таа му се обрати на својот менаџер со зборовите: „Запамти го овој датум, одам на свадба“