И преголемата внимателност може да биде штетна, ако не е во насока на правилата.

„Не возев пет месеци, влегов во автомобилот и се упатив кон центарот на градот. Се сеќавам дека се префрлив на прва брзина и тргнав. Бидејќи барав место за паркирање, возев полека, го паркирав автомобилот и отидов во град. Мојата куќа е оддалечена само еден километар од Деметрова, каде што го оставив автомобилот. Кога се вратив за еден час, полицијата и пожарникарите беа на улица. Бев шокирана кога ги видов како стојат покрај мојот автомобил, што беше покриен со пена. Ми рекоа дека се запалил “, изјави 77-годишната сопственичка на возилото Fiat Punto.

Жената од Бјеловар рече дека го возела автомобилот само со прва брзина, објави Index.hr.

Имено, жената живее сама откако нејзиниот сопруг починал, а за да не бара постојано помош од некого, повремено го користи автомобилот за да стигне до центарот на градот или на гробиштата во близина на Гудовац.

„И покрај тоа што го положив возачкиот испит во 80-тите, воопшто не возев. Но, по смртта на мојот сопруг, бев присилена. Не сакам постојано да ја молам ќерка ми или внук да ме возат до продавница. Сакав да бидам независна. Возам многу бавно и навистина сум внимателна, но што се случи тој петок, едноставно не се сеќавам. Многу ми е тешко за тоа што се случи “, вели жената која веќе неколку месеци се грижи за нејзиниот неподвижен брат.

Подолго време немала излезено од дома, па ова ѝ било прво возење со автомобил по долго време.

Истрагата утврдила дека пожарот се случил затоа што сопственичката на автомобилот возела со прва брзина од нејзината куќа до споменатото паркирано место, што предизвикало прегревање на моторот.

„Откако го паркирала автомобилот и заминала, дошло до самозапалување под хаубата, која изгоре целосно, а предното ветробранско стакло се скрши“, велат во полициското одделение Бјеловар-Билогора.