Ана Кирјанова е позната како една од најдобрите психолози во Русија, а сега истата открива како се однесуваат мажите кои не ги сакаат нивните сопруги. Ова е нејзиниот заклучок по долга анализа.

Тој не ве сака ако: Не ве гушка спонтано, не зборува со вас за малите нешта, не ви јавува на средина до работниот ден за да провери како сте.

Тој не ве сака ако: Не можете да сметате на неговата помош. Кога треба да се грижите за него како да е петгодишно дете, а не 45-годишен маж.

Тој не ве сака ако: Ве исмева. Кога тој не ве забележува, ниту го забележува вашиот напор и работа. Кога ќе ви каже дека јадете многу или дека тој не може да ја јаде вашата храна бидејќи не е таква на каква навикнал.

Тој не ве сака ако: Постојано се меша во она што го правите, не ги поддржува вашите одлуки, кога ќе ви каже да зборувате глупости, да не размислувате со своја глава, ве прави глупави итн.

Тој не ве сака ако ви каже: Тоа е твоја вина.

Тој не ве сака ако: Не одобрува ништо од она што го правите или велите.

Тој не ве сака ако: Треба да направите многу и буквално го молите многу за да го слушнете неговот „те сакам“.

Ако мажот не ја сака неговата сопруга, со текот на времето нејзината самодоверба може значително да се намали, бидејќи според психологот, токму тоа го прави недостатокот од љубов кај жените.