Популарниот српски турбо фолк пејач Аца Лукас синоќа гостуваше во познат кавадаречки локал, а настапот кој на почеток минувал во одлична атмосфера, бил прекинат околу полноќ, како што раскажуваат дел од присутните за ВИКИМЕДИА, од страна на полициски службеници.
-Атмосферата беше супер, се додека Лукас не прекина среде песна. Не сфативме веднаш што се случува, потоа забележавме дека дојдоа полициски службеници, а тој нешто негодуваше, се расправаше и замина со нив.
Чекавме некое време да се врати, а по околу половина час некој на микрофон кажа дека Аца е однесен во полициската станица, раскажаа млади луѓе кои биле гости на настанот.
Во меѓувреме, на социјалните мрежи веќе се споделуваат и видео снимки, на кои се гледа пејачот како заминува од локалот во присуство на полиција, а додека оди со полицајците, се обидува нешто да им појасни.
Официјални детали за настанот се очекуваат во тек на ден од страна на надлежните институции.
Инаку, веќе е најавен голем концерт на Лукас во Скопје, во Арена Јане Сандански на 20-ти декември. Со него ќе настапат Мира Шкориќ и Мирослав Илиќ, а гости ќе им бидат Жаре Бербер и Галама Бенд.

