Македонија денеска е голем фаворит на дуелот со Гвинеја на Светското првенство, а на третиот настап во Вараждин нема да го гледаме Марко Митев.
Селекторот Кире Лазаров направи една промена во составот и на местото на Митев е вметнат Валентин Карасманакис, кој може да дебитира на големите натпреварувања.
Митев ќе одмори денеска и ќе се фокусира на дуелите од следната главна фаза, а пласманот таму треба да биде обезбеден со победа над денешниот противник во Хрватска.
Македонија ќе се соочи со Гвинеја од 18 часот, а досега имаме реми со Унгарија и пораз од Холандија.
Loading...
Loading...