Трите деца на капитенот на Англија, Хари Кејн се повредени во страшна сообраќајна несреќа во Германија.
Како што пренесуваат англиските медиуми, се верува дека несреќата се случила во понеделникот околу 17:15 часот во Баварија, во близина на областа Минхен, кога англиската ѕвезда се вратила во Велика Британија.
Германскиот Билд дава детали за несреќата. Имено, возачот на Рено (20) удрил во црн мерцедес „вито“ додека се обидувал да сврти на клучка на автопат.
Во шокантниот судир учествувале и Ленд Ровер, управуван од 62-годишна жена и црно комбе во кое биле децата на најдобриот англиски напаѓач.
Луис (3), петгодишната Вивиен и седумгодишната Ајви итно биле пренесени во болница. Сите осум лица кои учествувале во инцидентот се здобиле со полесни повреди и со брза помош и хеликоптери биле пренесени во болница.