Филмската легенда Роберт Редфорд почина на 90-годишна возраст.

Според „Њујорк тајмс“, добитникот на Оскар починал денес во сон , во својот дом во Јута, недалеку од Прово.

Редфорд беше еден од најпознатите холивудски актери со децении , а глумеше во хитови како „Буч Касиди и Санденс Кид“ и „Сите луѓе на претседателот“.

Подоцна во животот почнал да режира и освоил Оскар за филмот „Обични луѓе“ во 1980 година.