Светот има нов „рецепт“ за брзо слабеење, но творците на овој лек јасно нагласиле дека тој сепак не е наменет за тоа – туку дека губењето на тежината е само последица од неговата употреба.
Сепак, како и да е, од ѕвезди од шоу-бизнисот во Америка па сè до обичните луѓе, сите го посакуваа овој лек за да ослабат без мака. А иако слабеењето е очигледно, изгледа дека кај мажите се одразува и на друг план, бидејќи неколку мажи кои земаат Оземпик споделиле на интернет дека лекот имал интересен ефект врз она “долу”.
Оземпик е GLP-1 лек наменет за пациенти со дијабет тип 2, бидејќи го намалува шеќерот во крвта и создава чувство на ситост подолго време. Инјекцијата го забавува варењето, што помага луѓето поретко да чувствуваат глад, што природно води до слабеење.
Сепак, како што би кажале и познати личности како Џереми Кларксон, постојат многу несакани ефекти на кои треба да се внимава кога се зема овој лек – како што е таканареченото „Оземпик лице“, еден од најчестите ефекти.
Но, „Оземпик пенисот“ ги збунува некои мажи – иако тие не се разочарани (освен можеби оној што веќе има голем). Некои корисници пријавуваат дека по неколку месеци земање на лекот, забележале зголемување таму долу. Но, изгледа дека тоа е повеќе визуелен ефект – откако ќе се изгубат маснотиите околу тој предел, пенисот може само да изгледа поголем.
Иако еден уролог веќе изгледа ја отфрлил оваа гласина, друг лекар од САД излезе со свое мислење и објаснување за тоа што всушност се случува во интимниот предел.
Што кажа докторката за „Оземпик пенис“?
Говорејќи на својот Јутјуб канал, д-р Џен Кодл објаснува:
„Знаеме дека Оземпик и некои слични лекови – GLP-1 агонисти – се многу слични. Овие лекови се користат за дијабетес, слабеење, срцеви болести и друго.
Ако ги користите за срцева болест или дијабетес, веројатно сепак ќе изгубите килограми. Мажите кои ги земаат овие лекови велат дека им се зголемил пенисот – но дали тоа навистина е несакан ефект?
Јас не сум запознаена со никакви податоци кои укажуваат дека овие лекови предизвикуваат зголемување на пенисот. Мислам дека со губење на тежината, пенисот само изгледа поголем.
Многу лекари веќе имаат зборувано дека кога се губи тежина, пенисот визуелно изгледа поголем. Масниот слој околу скротумот, стомакот што се превлекува преку него, масното ткиво на бутовите – кога сето тоа се намалува, пенисот изгледа подолг и поистакнат.“
Значи, иако Оземпик реално не зголемува, може да биде „вин-вин“ ситуација – пенисот изгледа поголем, и слабеете. Се разбира, само ако тоа го правите на правилен начин и со лекарски надзор.

