Мајката на легендарниот Чак Норис по прослави 100-от роденден.

Актерот по тој повод на својот Фејсбук профил сподели фотографија на која позира со својата мајка Вилма.

„Мојата мајка, Вилма Норис Најт, полни 100 години. Те сакам мамо! Среќен 100-ти роденден! Ти благодарам што му помагаш на Бог да ми даде се што можам и треба да бидам“, напиша Норис.

Иналу, Чак Норис често истакнува дека е поврза со својата мајка која му е голема поддршка во животот.

Тој пред нешто повеќе од два месеци наполни 81 година, а има пет деца и 13 внуци.