Тажна вест доаѓа од Хрватска, каде во вторникот почина младиот пливач и фудбалски судија Иван Бусато на само 20 годишна возраст.

Бусато во својата земја важеше за пливачки талент и лани го освои првото место на хрватскиот шампионат за сениори во дисциплината 1.500 метри слободно.

Беше член и на пливачкиот клуб „Јадран“, а во исто време работеше и како фудбалски судија.

– Вчера на 20-годишна возраст ненадејно почина Иван Бусато, фудбалски судија на НСЖСД. Почивај во мир Божји. Искрено сочувство до семејството – пишува во соопштението на фудбалскиот сојуз на Сплитско-далматинската жупанија.

Во коментарите, многу спортисти и колеги со кои Иван веројатно го делел теренот се збогуваат со несреќното момче. Една од пораките гласи:

– Колега мој, ти беше „људина“. Се гледаме на многу подобро место. Искрено сочувство до семејството. Брат, почивај во мир Божји.