Тажна вест за ракометот и за Црна Гора, на 32-годишна возраст почина Филип Јочиќ.

Тој беше јуниорски репрезентативец од 2013 до 2016 година, а повремено се најде на списокот кога селектори беа Зоран Кастратовиќ и Љубомир Обрадовиќ.

Во Данска израснал како дете на иселеници од Црна Гора, а неколку пати им помагал на ракометните клубови од Црна Гора – Берана и Комова.

Три години се борел против опасна болест, јавуваат медиумите во регионот.