Почина Богдан Таневски, директорот на кумановскиот музеј. Тажната вест ја потврдија и неговите колеги на официјалната фејсбук-страна на оваа културна институција.

„ИН МЕМОРИАМ БОГДАН ТАНЕВСКИ (23.5.1958 – 3.4.2022), директор на НУ Музеј – Куманово. Погребот ќе се изврши утре, 4.4.2022 (понеделник) во 13 часот, на Градските гробишта во Куманово. Почивај во мир наш драг колега и директор!“, наведено е во објавата.

Неговите сограѓани со неверување ја примија веста за смртта на Таневски.

„Не’ напушти ненадејно речиси среде работни ангажмани и пред оној заслужен одмор-пензијата. Замина, немајќи време ниту да се пожали, ниту дел од животот да го помине во убави сеќавања на професионалните успеси, соработка, дружби.. Почивај во мир наш Богдане. Сочувство до семејството, пријателите, колегите“, напиша Мирјана Машниќ.