Пред точно 33 години, еден хирург одлучил да се бори за својот пациент. Иако сите теоретски шанси биле еднакви на нула, тој решил да ја продолжи борбата.
Фотографијата е избрана за најдобра фотографија направена во 1987 година, а според многу експерти, истата може да добие и многу поголемо значење во иднина.
На сликата е фотографиран полскиот кардиолог др. Збигњев Религ, како внимава на пациентот по 23 часа успешна трансплатација на срце. Таков зафат се сметал невозможен во тоа време, но тој успеал медицината да ја подигне на едно повисоко ниво.
Господинот кој ја држи фотографијата Тадеуш Житкијевич тогаш бил пациент. 33 години подоцна, се покажува дека го надживеал својот доктор и доживеал длабока старост. Пациентот почина во 2017-та година на 91 годипна возраст.
Лекарот Збигњев починал во март 2009. година, по двегодишна борба со рак на белите дробови, во својата 71-ва година од својот живот.