Против Здравко Горановиќ, кој вчера ги уби сопругата и двете ќерки во куќа во Сомбор, а потоа самиот си пресуди, полициската управа во мај 2020 година поднела кривична пријава за насилство врз сопругата Мирјана и ќерките.
Неговата сопруга претходно годинава го пријавила во полиција за семејно насилство, пишува Телеграф.рс.
Да потсетиме, во куќата лоцирана на улицата Симе Шолаје во Сомбор се пронајдени четири тела, а куќата горела. Откако ги убил ќерките, Анастасија (19) и Анабела (15) и сопругата, Здравко Горановиќ ја запалил куќата и се самоубил.
Насилството во домот на Горановиќ се случувало во периодот од 2016 до 2020 година. На предлог на обвинителството, во текот на истрагата му била одредена мерка притвор бидејќи се криел и се заканувала опасност од бегство.
Нему му било забрането да се приближи до семејството и му било наредено да се исели од куќата. Тој бил уапсен на 30 јули годинава, а на 20 декември судот наместо да му го продолжи притворот по барање на обвинителството, на што обвинителството поднело жалба, му го прекинал.
Точно девет дена по ослободувањето, ги убил сопругата и двете ќерки.
„Основното јавно обвинителство Сомбор по спроведената истрага поднесе обвинителен акт против Здравко Горановиќ, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело семејно насилство од член 194 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик кон неговата поранешна сопруга и Обвинението го товари обвинетиот за преземени дејствија во периодот од 2016 до 2020 година.Против именуваниот во овој орган е поднесена кривична пријава од страна на полициската управа на Сомбор откако неговата поранешна сопруга, која беше повредена, го пријавила настанот во мај 2020 година. Оваа кривична пријава е прва и единствена кривична пријава поднесена против Здравко Горановиќ за кривично дело семејно насилство од член 194 од Кривичниот законик“, велат од обвинителството за Телеграф.рс.
Според нив, против Горановиќ по пријавата биле изречени итни мерки, кои што подоцна на предлог на обвинителството, биле продолжени.
„Истовремено, обвинителството до Основниот суд во Сомбор во вонпарнична постапка поднесе тужба за изрекување мерки за заштита од семејно насилство, а донесена е и пресуда со која на Здравко Горановиќ му се забранува да ги вознемирува сопругата и децата, а воедно и вонредна постапка со наредба за негово иселување од семејниот дом“, велат од државното обвинителство.
Одреден му е притвор бидејќи се крие и се заканува бегство.
„На 30.07.2021 година тој е лишен од слобода и оттогаш е во притвор по претходно поднесен предлог на обвинителството. Обвинението против него е веќе поднесено и потврдено во Основниот суд во Сомбор“, соопштиле од обвинителството.
На главната расправа одржана на 20 декември годинава, кога завршило судењето, обвинителството предложило продолжување на притворот за обвинетиот.
Обвинетиот е прогласен за виновен и осуден на единствена затворска казна од три години и три месеци, а притворот не му е продолжен, туку му е укинат.Обвинителството по добивањето на решението за укинување на притворот веднаш поднесе жалба“, соопштило обвинителството.
Телеграф.рс се обратиле и до Основниот суд во Сомбор, но одговор не добиле.