Здравко Горановиќ (59) денеска ја заклал сопругата Мира во семејната куќа во Сомбор, па фрлил бомба „кашикара“ со која ги разнел ќерките Анастазија (19) и Анабела (15), а потоа се обесил на таванот, објави попладнево српски „Информер“. Според други српски медиуми пак, во куќата не била фрлена бомба, туку девојчињата се нашле внатре кога тој ја запалил куќата.

За време на експлозијата на бомбата, куќата се запалила, а синот на Здравко и Мира, кој бил единствениот преживеан од масакрот, ги нашол телата изгорени.

Соседите немаат убави зборови за Здравко, велат дека бил насилен и дека имал луди реакции. Наводно ја избодел сопругата со нож, а потоа фрлил бомба за да ги убие ќерките.

Според досегашните информации, нивниот син не бил дома во моментот на крвавиот пир, а како што неофицијално дознаваме, младиот човек има повеќе од дваесет години и студент, пишува српски „Информер“.

Жителите на таа Сомборска улица се шокирани од настанот. Кога биле пронајдени првите две јагленосани тела се надевале дека барем едно девојче преживеало, но за жал било пронајдено и третото тело на другата ќерка.

Според соседите, Здравко пред неколку дена излегол од затвор каде наводно бил поради насилство.

– Од затвор се вратил дома, а имал забрана да се приближува до семејството, тврди еден од насобраните од соседството, а другиот додава дека никој од познаниците и роднините немал добро мислење за него и дека го сметале за луд.

– Беше проблематичен, кутрата жена побегна од неговото насилство, извесно време престојуваше во безбедна куќа, вели жена која живее на таа улица.

„Блиц“: Во куќата не била фрлена експлозивна направа

Откако ја усмртил сопругата, Горановиќ ја запалил куќата во која тогаш биле неговите ќерки Анастазија (19) и Анабела (15) Горановиќ.

-Како што дознаваме на лице место, во куќата не била фрлена бомба, како што пренесоа некои медиуми, а експлозијата која се слушнала најверојатно е последица на експлозија на гас поради пожарот, пишува „Блиц“.

Трагедијата се случила само неколку дена откако Горановиќ бил пуштен од затвор, каде бил, како што неофицијално се дознава, поради семејно насилство.

– Како што дознаваме, постарата ќерка Анастасија имала 19 години и штотуку завршила средно училиште, се занимавала со шминкање, додека помалата само што почнувала средно, објави „Блиц“.

Убиецот имал и син, кој пријавил пожар во семејната куќа.